свет, Коронавирус

Повеќе од 97.317.100 луѓе во светот позитивни на Ковид-19

- Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Коронавирусот во светот се зголеми на 97.317.132, додека бројката на оздравени изнесува 69.867.134

Sümeyye Dilara Dinçer, Şerife Çetin  | 21.01.2021 - Обновена : 21.01.2021
Повеќе од 97.317.100 луѓе во светот позитивни на Ковид-19

АНКАРА 

Новиот тип на коронавирус (Ковид-19) на светско ниво е детектиран кај повеќе од 97.317.100 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според интернет страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со бројката на заразени и смртни случаи предизвикани од новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во земјите од светот, во моментов на глобално ниво 97.317.132 лица се позитивни на вирусот.

Новиот тип на коронавирус кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан и за кратко време се рашири низ целиот свет, досега е причина за смртта на 2.083.594 лица, а оздравеа 69.867.134 заразени.

САД се земја со најголем број на заразени и смртни случаи во светот предизвикани од Ковид-19. Во оваа земја се детектирани 24.998.975 лица позитивни на коронавирусот, од кои животот го загубија 415.894.

Земји во светот, покрај САД, во кои бројот на заразени со Ковид-19 надминува 1 милион се:

Индија (10.611.719), Бразил (8.639.868), Русија (3.633.952), Велика Британија (3.505.754), Франција (2.965.117), Италија (2.414.166), Шпанија (2.412.318), Турција (2.406.216), Германија (2.090.161), Колумбија (1.956.979), Аргентина (1.831.681), Мексико (1.688.944), Полска (1.450.747), Јужноафриканска Република (1.369.426), Иран (1.348.316), Украина (1.177.621) и Перу (1.078.675).

Земји во светот, покрај САД, во кои бројката на смртни случаи надминува 10.000, се:

Бразил (212.893), Индија (152.906), Мексико (144.371), Велика Британија (93.290), Италија (83.681), Франција (71.652), Русија (67.220), Иран (57.057), Шпанија (54.637), Германија (50.296), Колумбија (49.792), Аргентина (46.216), Перу (39.157), Јужноафриканска Република (38.854), Полска (34.141), Индонезија (26.857), Турција (24.487), Украина (21.499), Белгија (20.554), Канада (18.462), Чиле (17.594), Романија (17.485), Чешка (14.820), Еквадор (14.437), Холандија (13.248), Ирак (12.968), Унгарија (11.615), Пакистан (11.157), Шведска (10.797) и Филипини (10.042).




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın