спорт

Одржувањето на Олимписките игри во Токио сѐ уште неизвесно поради пандемијата на Ковид-19

„Доколку вирусот продолжи да се шири, на сите ќе им биде јасно дека одржувањето на игрите е невозможно, тогаш нема да имаме друг избор освен да ги откажеме или одложиме“

Riyaz Ul Khaliq  | 05.05.2021 - Обновена : 07.05.2021
Одржувањето на Олимписките игри во Токио сѐ уште неизвесно поради пандемијата на Ковид-19

АНКАРА (АА) - Одржувањето на Олимписките игри во Токио сѐ уште останува неизвесно, затоа што регионалните гувернери во Јапонија ѝ даваат приоритет на борбата против пандемијата на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Резултатите од анкетата спроведена од јапонскиот дневен весник „Маиничи“ покажуваат дека најмалку девет регионални гувернери побарале најголемите светски игри, кои беа закажани за јули, да се откажат.

Гувернерот на префектурата Тотори, Шинџи Хираи, рече дека унапредувањето на светскиот мир преку спортот е значајно, „но приоритет е сите нации да соработуваат и оваа пандемија да ја стават под контрола“.

Во Јапонија вчера беа регистрирани 4.202 нови случаи на коронавирусот и 50 починати од последиците на вирусот. Во земјата се регистрирани вкупно 607.626 случаи, вклучувајќи 10.420 смртни случаи.

Префектурите Токио, Осака, Хјого и Кјото се најпогодени и се наоѓаат во вонредна состојба, за која Владата размислува дали да ја прошири и по 11 мај, за кога беше назначено да се заврши.

„Сите сме во борбата за сузбивање на пандемијата и ќе продолжиме во подготовките за одржување безбедни игри“, изјави Јурико Коике, гувернерот на главниот град Токио во кој се регистрирани 621 нов случај.

Одговарајќи на прашања од јапонскиот дневен весник, гувернерите на Акита, Ибараки, Саитама, Јаманаши, Нагано, Шизоука, Тотори, Оита и Окинава рекоа дека нивниот став е Олимписките и Параолимписките игри во Токио 2020 година да бидат откажани и одложени во зависност од текот на пандемијата на Ковид-19.

Олимписките игри во Токио беа закажани да се одржат минатата година, но пандемијата ги принуди организаторите да ги одложат игрите до ова лето со надеж дека пандемијата ќе стивне.

Префектурите чии гувернери изјавија дека игрите треба да бидат откажани, Саитама, Шизуока и Јаманаши, исто така треба да бидат домаќини на претстојните игри.

Организаторите на Олимписките игри во Токио одлучија одржување на игрите без меѓународни гледачи и со строги здравствени мерки за учесниците и официјалните лица.

Гувернерот Мотохиро Оно од Саитама рече: „Обезбедуваме најмногу места по Токио. Додека даваме сѐ од себе за да подготвиме безбедни игри, треба да внимаваме на ситуацијата и мирно да донесеме одлука.“

„Доколку вирусот продолжи да се шири, на сите ќе им биде јасно дека одржувањето на игрите е невозможно, тогаш нема да имаме друг избор освен да ги откажеме или одложиме“, рече гувернерот Хаита Кавакацу од префектурата Шизуока.

Гувернерот на префектурата Тотори, Шинџи Хираи, рече дека унапредувањето на светскиот мир преку спортот е значајно, „но приоритет е сите нации да соработуваат и оваа пандемија да ја стават под контрола“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın