Doğa Kırmızıoğlu
07 Мај 2021•Ажурирај: 09 Мај 2021
АНКАРА
Неделава се вози овогодишната 4. трка во рамките на Шампионатот во Формула 1, Големата награда на Шпанија, известува Агенција Анадолија (АА).
Возачите на Формула 1 на патеката Барселона-Каталуња долга 4.675 метри ќе се натпреваруваат кој најбрзо ќе ги извози 66-те круга.
Трката за полпозицијата ќе се одржи утре со почеток во 15:00 часот. Трката за Големата награда на Шпанија ќе се одржи в недела, 9 мај, во истиот термин.
На претходните трки сезонава две победи извојува Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес, и една победа извојува Макс Верстапен од Ред Бул Хонда.
Пласман на првите пет возачи и тимови во Формула 1
Пласман на возачи
1. Луис Хамилтон - 69 поени
2. Макс Верстапен - 61 поен
3. Ландо Норис - 37 поени
4. Валтери Ботас - 32 поена
5. Шарл Леклер - 28 поени
Пласман на тимови
1. Мерцедес - 101 поен
2. Ред Бул - 83 поени
3. Мекларен - 53 поени
4. Ферари - 42 поена
5. Алпин - 13 поени