Doğa Kırmızıoğlu
15 Април 2021•Ажурирај: 15 Април 2021
АНКАРА
Стефен Кари, ѕвездата на Голден Стејт Вориорс, со постигнати 42 поени е најзаслужен за победата над Оклахома Сити Тандер од 109:147, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 12 натпревари во НБА. Голден Стејт Вориорс како гостин ја совлада Оклахома Сити Тандер со 38 поени разлика и дојде до својата 28. победа сезонава благодарение на одличниот перформанс на Кари, кој едноподруго ги урива рекордите на НБА.
Иако играше само во три четвртини, Кари средбата ја заврши со скор од 42 поени, 8 асистенции и 6 скока и стана најзаслужниот играч на теренот за победата на Вориорс. Кари на последните три натпревари успеа да уфрли 29 тројки, уривајќи го рекордот на НБА на ова поле.
На оваа средба Кари успеа во една четвртина да биде прецизен во сите свои шутови кон противничкиот кош, меѓу кои спаѓаат и повеќе од 6 тројки, со што во последните 20 години стана вториот кошаркар во историјата на НБА кому тоа му успеало. Претходно тоа му појде од рака на неговиот клупски колега Клеј Томсон. Покрај Кари, свој придонес во победата на Вориорс дадоа Џордан Пул со 17 поени, Ендрју Вигинс со 16, Кент Бејзмор со 15 и Дрејмон Грин со трипл-дабл од 12 поени, 16 асистенции и 10 скока.
Танадер го доживеа својот осми последователен пораз, а најпрецизни кај домаќините беа Дариус Бејзли со 22 поени, 8 скока и Моусес Браун со дабл-дабл од 18 поени, 12 скока.
- Во дуелот на Источната конференција победник Сиксерс
Во дуелот меѓу двете првопласирани екипи во Источната конференција, Филаделфија Севентисиксерс како домаќин го совлада Бруклин Нетс со 123:117, постигнувајќи ја својата 38. победа сезонава.
Најпрезицни кај Севентисиксерс беше Џоел Емрид со дабл-дабл од 39 поени, 13 скока, 2 асистенции, Бен Симонс со 17 поени, 9 асистенции, 4 скока, а турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз натпреварот го заврши со 9 поени, 3 скока, 3 асистенции и 2 украдени топки.
Нетси кои се второпласирани во Источната конференција со 37 поени и 18 порази, беа ослабени поради неиграњето на НБА-ѕвездите Кевин Дурант и Џејмс Харден. Најпрецизни кај гостите беа Кари Ирвинг со 37 поени, 9 асистенции, Лeндри Шамет со 17 поени, 3 асистенции, Брус Браун 14 поени, 5 скока и Деандре Џордан со дабл-дабл од 12 поени, 14 скока, 5 скока.
- Маверикс победија со кошот на Дончиќ во последната секунда
Тимот на Далас Маверикс кој се обидува да остане меѓу првите осум тима за пласман во плејофот на Западната конференција, синоќа му гостуваше на тимот на Мемфис Гризлис. Гостите извојуваа победа од 113:114 со тројката што ја постигна Лука Дончиќ во последната секунда од средбата.
Маверикс дојдоа до 30. победа сезонава, а најпрецизни кај гостите беа Дончиќ со 29 поени, 9 асистенции, 5 скока, Кристапс Порзингис со 21 поен, 6 скока.
Најпрецизни кај Гризлис кои сезонава го доживеаја својот 26. пораз беа Грејсон Ален со 23 поени, 4 скока, 2 асистенции, Јонас Валанчунас дабл-дабл од 19 поени, 15 скока, Џа Морант со 17 поени, 5 асистенции, 4 скока.
Резултати:
Минесота Тимберволвс - Милвоки Бакс 105:130
Шарлот Хорнетс - Кливленд Кавалирс 90:103
Филаделфија Севентисиксерс - Бруклинс Нетс 123:117
Торонто Репторс - Сан Антонио Спарс 117-112
Детроит Пистонс - Лос Анџелес Клиперс 98:100
Чикаго Булс - Орландо Меџик 106:115
Њу Орлеанс Пеликанс - Њујорк Никс 106:116
Хјустон Рокетс - Индијана Пејсерс 124:132
Оклахома Сити Тандер - Голден Стејт Вориорс 109:147
Мемфис Гризлис - Далас Маверикс 113:114
Денвер Нагетс - Мајами Хит 123:106
Сакраменто Кингс - Вашингтон Визардс 111:123