спорт

Реал Мадрид и Манчестер Сити се пласираа во полуфиналето на УЕФА Лига на шампиони

- Шпанскиот претставник Реал Мадрид по победата на домашен терен од 3:1, во реванш-средбата му гостуваше на Ливерпул на Стадионот „Енфилд Роад“.

Abdullah Tevge  | 15.04.2021 - Обновена : 15.04.2021
Реал Мадрид и Манчестер Сити се пласираа во полуфиналето на УЕФА Лига на шампиони Фото: Оскар Џ. Баросо / AA

ИСТАНБУЛ

Во реванш-средбите од четвртфиналето на УЕФА Лигата на шампиони што се играа синоќа, Ливерпул на домашен терен одигра без голови против Реал Мадрид, 0:0, додека Борусија Дортмунд како домаќин загуби со 1:2 против Манчестер Сити, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во рамките на четвртфиналето на европското најпрестижно фудбалско клупско натпреварување УЕФА Лига на шампиони синоќа се одиграа два натпревари.

Шпанскиот претставник Реал Мадрид по победата на домашен терен од 3:1, во реванш-средбата му гостуваше на Ливерпул на Стадионот „Енфилд Роад“.

Натпреварот заврши без победник, 0:0, со што Реал Мадрид се пласира во полуфиналето на ЛШ, благодарение на победата извојувана на првиот натпревар.

Реал Мадрид во полуфиналето на ЛШ ќе игра против Челси.

Реал Мадрид со Ливерпул се сретна во финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2017/2018, а трофејот го понесе Реал совладувајќи го Ливерпул со 3:1.

Пред натпреварот навивачите на Ливерпул со камења ги скршија прозорците на автобусот со кој беа превезувани играчите на Реал Мадрид, а управата на Ливерпул се извини поради немилиот настан.


- Манчестер Сити во полуфиналето

Во втората реванш-средба што се одигра синоќа, англискиот претставник Манчестер Сити, по победата од 2:1 на домашен терен му гостуваше на германскиот претставник Борусија Дортмунд на Стадионот „Сигнал Идуна Парк“ (Стадион „Вестфалија“).

Иако Борусија Дортмунд веќе во 15. минута од натпреварот поведе со 1:0 со погодокот на Џуд Белингем и имаше резултат кој ѝ носеше пласман во полуфиналето, не успеа до крај да го сочува ова водство. Манчестер Сити со погодоците што ги постигнаа Ријад Марез во 55. минута со удар од белата точка и Фил Фоден во 75. минута извојува победа од 1:2 и пласман во полуфиналето.

Манчестер Сити во полуфиналето ќе игра против Париз Сен Жермен (ПСЖ).

Џуд Белингем со погодокот што го постигна на овој натпревар стана втор најмлад играч кој успеал да постигне гол на еден натпревар во УЕФА Лигата на шампиони. Белингем погодокот го постигна на возраст од 17 години и 289 дена, а најмлад играч во историјата на Лигата на шампиони кој успеал да даде гол на еден натпревар е Бојан Кркиќ кој еден период го носеше дресот на Барселона. Кркиќ на натпреварот од четвртфиналето на ЛШ меѓу Барселона и Шалке 04 постигна погодок на возраст од 17 години и 217 дена.


- Финалето на Лигата на шампиони ќе се игра на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул

Првите полуфинални натпревари во ЛШ се закажани за 27 и 28 април, додека реванш-средбите ќе се играат на 4 и 5 мај.

Финалето на УЕФА Лигата на шампиони оваа сезона ќе се игра на Олимпискот стадион „Ататурк“ во Истанбул.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.