спорт

Познати полуфиналистите во УЕФА Лига Европа

Во полуфиналето на УЕФА Лига Европа се пласираа Манчестер Јунајтед, Рома, Виљареал и Арсенал

Abdullah Tevge  | 16.04.2021 - Обновена : 16.04.2021
Познати полуфиналистите во УЕФА Лига Европа Фото: Кејт Грин / AA

ИСТАНБУЛ 

Синоќа во рамките на четвртфиналето на УЕФА Лига Европа се одиграа четири реванш-средби, известува Агенција Анадолија (АА).

Англискиот претставник Манчестер Јунајтед на домашен терен ја пречека шпанската екипа Гранада. Домаќините славеа победа од 2:0, севкупно 4:0 со победата од 0:2 што Јунајтед ја постигна во Гранада и изборија пласман во полуфиналето на Лига Европа. Погодоците за Манчестер ги постигнаа Едилсон Кавани во 6. минута и Хесус Ваљехо во 90. минута од натпреварот.

Италијанскиот претставник Рома на домашен терен играше против холандската екипа на Ајакс. Натпреварот заврши нерешено, 1:1. Гостите први дојдоа во водство во 49. минута со погодокот што го постигна Брајан Броби, а резултатот го изедначи интернационалецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко во 72. минута. Во полуфиналето на Лига Европа се пласира Рома која на првата средба на гостински терен го совлада Ајакс со 1:2.

По првата средба на која Арсенал како домаќин одигра нерешено, 1:1 против Славија Прага, синоќа Арсенал како гостин му нанесе тежок пораз од 0:4 на чешкиот претставник и се пласира во полуфиналето на ЛЕ. Погодоците за англискиот претставник ги постигнаа Пепе во 18. минута, Александар Лаказет во 21. минута од пенал и во 77. минута и Букајо Сака во 24. минута од средбата.

Шпанскиот претставник Виљареал како домаќин со резултат 2:1 го совлада Динамо Загреб. Головите за Виљареал ги постигнаа Пако Алкасер во 38. минута и Жерар Морено во 43. минута. Единствениот погодок за Динамо го постигна Мислав Орсиќ во 74. минута од средбата. Во полуфиналето на Лига Европа се пласира Виљареал кој и на првата средба во Загреб извојува победа од 0:1.


Во полуфиналето се среќаваат:

Манчестер Јунајтед - Рома

Виљареал - Арсенал


- Полуфиналните средби се играат на 29 април

Полуфиналните натпревари во УЕФА Лига ЕВропа ќе се играат на 29 април. Реванш-средбите се закажани за 6 мај, по кои ќе бидат познати финалистите на ЛЕ.

Финалето на УЕФА Лига Европа ќе се игра во полскиот град Грањск на 26 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.