Doğa Kırmızıoğlu
24 Октомври 2021•Ажурирај: 25 Октомври 2021
АНКАРА
НБА синоќа продолжи со 8 натпревари. Во борбата на претставниците на Западната конференција, тимот на Мемфис Гризлис како гостин го совлада тимот на Лос Анџелес Клиперс со 6 поени разлика, 114:120, и сезоната ја започна со 2 победи на 2 натпревари, известува Агенција Анадолија (АА).
Најзаслужни за победата на Гризлис беа Џа Морант со 28 поени и 8 асистенции, Де’Ентони Мелтон со 22 поени и 7 скока, Џарен Џексон со 21 поен и 7 скока, Десмонд Бејн со 19 поени и 6 скока и Стивен Адамс со 17 поени, 9 скока и 5 асистенции.
На почетокот од сезоната, тимот на Клиперс по два натпревари сѐ уште не го почувствува задоволството на победата. Крис Пол, олстар ѕвездата на Клиперс, иако постигна перформанс со дабл-дабл од 41 поен, 10 скока и 4 асистенции, не успеа да го поведе својот тим во победа.
- Прва победа на Кавалирс
Во дуелот на тимовите од Источната конференција , Кливленд Кавалирс на домашен терен го пречека Атланта Хоукс. Домаќините во својот трет натпревар славеа со 101:95, постигнувајќи ја првата победа сезонава.
Во редовите на Кавалирс најпрецизни беа Рики Рубио со 23 поени, 8 асистенции и 6 скока, Еван Мобли со дабл-дабл од 17 поени, 11 скока и 4 блокади, Кевин Лав, Колин Секстон и Лори Мекканен со по 12 поени и Џерет Ален со дабл-дабл од 11 поени и 14 скока. Турскиот интернационалец, охриѓанецот Џеди Осман, за 20 минути на теренот постигна 5 поени, 4 скока и 1 асистенција.
Во редовите на Хоукс, Тре Јанг постигна 24 поени и 7 асистенции, Камерун Редиш 19 поени и 6 скока, Де’Андре Хантер 12 поени и Клинт Капела дабл-дабл од 10 поени и 14 скока, но тоа беше недоволно за да се совладаат домаќините.
Резултати:
Кливленд Кавалирс - Атланта Хоукс 101:95
Индијана Пејсерс - Мајами Хит 102:91
Торонто Репторс - Далас Маверикс 95:103
Чикаго Булс - Детроит Пистонс 97:82
Минесота Тимберволвс - Њу Орлеанс Пеликанс 96:89
Сан Антонио Спарс - Милвоки Бакс 111:121
Портланд Треил Блејзерс - Феникс Санс 134:105
Лос Анџелес Клиперс - Мемфис Гризлис 114:120.