Mutlu Demirtaştan
24 Октомври 2021•Ажурирај: 25 Октомври 2021
ВАШИНГТОН
На холандскиот пилот на Формула 1, кој настапува во болид на Ред Бул, Макс Верстапен, му припадна првата стартна позиција за вечерашната 17. трка од сезоната, што ќе биде возена во Соединетите Американски Држави (САД), јавува Агенција Анадолија (АА).
На пистата „Америка“ во Остин, главниот град на Тексас, доцна синоќа се возеше трката за пол-позиција, а на 5.513 метри долгата патека, Верстапен имаше најдобро време.
Холанѓанецот Макс Верстапен со време 1.32,209 беше најбрз на трката за пол-позиција, а второпласиран е Британецот Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес, со заостанување од 0,209 секунди.
Третото стартно место во САД му припадна на мексиканскиот пилот Серхио Перез од екипата на Ред Бул Хонда, кој заостана 0,224 секунди зад првопласираниот.
Трката на пистата „Америка“ за Големата награда на САД ќе стартува вечерва во 21:00 часот.