Hüseyin Burak Demirer
27 Февруари 2019•Ажурирај: 28 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Во натпреварот од американската Национална кошаркарска лига (НБА), тимот на Денвер Нагетс извојува победа над Оклахома Сити Тандер со резултат 121:112, пишува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 3 натпревари во НБА. Екипата на Денвер Нагетс, која е второпласираната во Западната конференција, како домаќин ја совлада екипата на Оклахома Сити Тандер со резултат 121:112.
Ова е 5-та победа во низа на Нагетс, а најголем придонес за победата дадоа Никола Јокиќ со 36 поени и 9 скока, Вил Бартон со 23 поени и 5 асистенции и Џамал Мареј со 20 поени, 5 скока и 5 асистенции.
Во тимот на Сити Тандер најефикасни беа Пол Џорџ со 25 поени, 8 скока и 7 асистенции, Расел Вестбрук со дабл-дабл од 22 поени, 14 скока и 9 асистенции и Џереми Грент со 21 поен и 5 скока.
- Резултати -
Њујорк Никс - Орландо Меџик 108 : 103
Торонто Репторс - Бостон Селтикс 118 : 95
Денвер Нагетс - Оклахома Сити Тандер 121 : 112