27 Февруари 2019•Ажурирај: 28 Февруари 2019
МАДРИД (АА) - „Лионел Меси е неверојатен фудбалер и на терен може да направи нешто што другите не можат. Меѓутоа, не се плашиме од него“, изјави Винисус Жуниор, фудбалерот на Реал Мадрид, пред вечерашниот Ел Класико со Барселона, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во пресрет на реваншот на Купот на кралот на Шпанија против Барселона, Винисиус Жуниор истакна дека и Реал Мадрид има посебна доверба во тимот.
„Подготвени сме и знаеме што сè нè чека. Го имаме Лука Модриќ, најдобриот фудбалер на светот во тимот“, изјави Винисиус Жуниор.
Натпреварот Реал Мадрид - Барселона се игра вечерва од 21 часот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Првиот полуфинален меч се одигра во Барселона и заврши со резултат 1:1.
Интересно, Реал ќе биде домаќин на Барселона и во првенствениот Ел Класико во сабота на 2 март.
Кралскиот клуб и каталонскиот гигант, тогаш со почеток во 20:45 часот, ќе одиграат средба во 26. коло на Премиер лигата на Шпанија, каде што лидер е Барселона со 57 бодови, девет повеќе од третопласираниот Реал.