Ekip
28 Февруари 2019•Ажурирај: 01 Март 2019
МАДРИД (АА) - По ремито во првиот меч на Камп Нои, во реванш дуелот од полуфиналето на Купот на Кралот, на гостински терен Барселона го совлада Реал Мадрид со резултат 3:0 со што се пласираше во финалето, јавува Anadolu Agency (АА).
Тимот на Реал Мадрид играше офанзивен фудбал и имаше повеќе шанси во првиот дел од натпреварот, но немаше погодоци и резултатот во првото полувреме беше 0:0.
Во вториот дел од натпреварот, во 50-та минута „каталонците" поведоа со голот на Суарез, а во 69-та минута и го зголемија водството на 2:0 со голот на Рафаел Варан.
Кратко потоа, поточно во 69-та минута, гостинскиот тим со вториот гол на Суарез, кој тој го постигна од пенал, дојде до резултат 3:0.
Барселона до крајот на натпреварот успеа да го сочува овој резултат со што се пласираше во финалето на Купот на Кралот.