Fatih Erel
28 Февруари 2019•Ажурирај: 02 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Јилдирим Демирорен денеска поднесе оставка на местотo претседател на главното раководно тело на турскиот фудбал, јавува Anadolu Agency (AA).
„Се повлекувам од позицијата претседател на Турската фудбалска федерација“, истакна Демирорен во соопштението.
Тој беше на чело на Турската фудбалска федерација од февруари 2012 година.
Новиот претседател ќе биде избран во јуни 2019 година.
„Потпретседателот Хусну Гурели ќе ја извршува таа функција сѐ до изборот на нов претседател“, изјави за новинарите заменик-претседателот на Федерацијата, Нихат Оздемир, по оставката на Демирорен.