Ata Ufuk Şeker
26 Февруари 2019•Ажурирај: 27 Февруари 2019
БРИСЕЛ (АА) - Главниот суд на Европската Унија (ЕУ) досуди дека даночните казни што Европската комисија им ги одреди на шпанските фудбалски клубови, како што се Барселона и Реал Мадрид, не се во согласност со законот, јавува Anadolu Agency (AA).
Главниот суд, кој е дел од Европскиот суд на правдата, со седиште во Луксембург, даде конечна одлука во врска со случајот што фудбалските клубови Барселона и Атлетико Билбао ги покренаа против Комисијата на ЕУ.
Судот одреди понишување на одлуката донесена од страна на Комисијата на ЕУ, во врска со даночното олеснување што Шпанија им го овозможува на фудбалските клубови Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Билбао и Осасуна.
Во одлуката се вели дека Комисијата на ЕУ направила грешка при проценката на ситуацијата.
Комисијата на ЕУ во 2016 година одреди дека системот за даночно олеснување на фудбалските клубови во Шпанија е во спротивност со законите за јавна поддршка.
Комисијата на ЕУ одреди клубовите од Шпанија кои го искористиле даночното олеснување, да ги платат неплатените даноци.