спорт

НБА: За дебитант на годината избран Ламело Бол од Шарлот Хорнетс

- Во овој избор на НБА на второто мсето се најде Ентони Едвардс од Минесота Тимберволвс, а третопласиран е Тајрис Халибертон од Сакраменто Кингс.

Mutlu Demirtaştan  | 17.06.2021 - Обновена : 18.06.2021
НБА: За дебитант на годината избран Ламело Бол од Шарлот Хорнетс

ИСТАНБУЛ

Кошаркарот Ламело Бол од Шарлот Хорнетс е прогласен за дебитант на годината во американската Национална кошаркарска лига (НБА), известува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението што го објави НБА се наведува дека 19-годишниот Бол со просек од 15,7 поени, 6,1 асистенција, 5,9 скока, 1,6 украдени топки постигнати на 51 натпревар е избран за дебитант на годината.

Во овој избор на НБА второпласиран е Ентони Едвардс од Минесота Тимберволвс, додека на третото место се најде Тајрис Халибертон од Сакраменто Кингс.

Во исто време, Ламело Бол е третиот кошаркар од редовите на Шарлот Хорнетс кој ја има освоено оваа титула. Претходно тоа им успеа на Лери Џонсон во сезоната 1991/92 и на Емека Окафор во сезоната 2004/05.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın