спорт

Заврши ерата на Стен Ван Ганди во Њу Орлеанс Пеликанс и на Скот Брукс во Вашингтон Визардс

- НБА објави дека Њу Орлеанс Пеликанс и Стен Ван Ганди ги разделиле патиштата, а ист е случајот и меѓу тренерот Скот Брукс и Вашингтон Визардс.

Mutlu Demirtaştan  | 17.06.2021 - Обновена : 19.06.2021
Заврши ерата на Стен Ван Ганди во Њу Орлеанс Пеликанс и на Скот Брукс во Вашингтон Визардс

ИСТАНБУЛ 

Во американската Кошаркарска национална лига (НБА), екипите на Њу Орлеанс Пеликанс и Вашингтон Визардс ги отпуштија своите тренери, известува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението што го објави НБА се наведува дека Њу Орлеанс Пеликанс и Стен Ван Ганди ги разделиле патиштата, а ист е случајот и меѓу тренерот Скот Брукс и Вашингтон Визардс.

Брукс кој ја предводи екипата на Визардс од 2016 година, досега трипати успеа својот тим да го внесе во плејофот. Визардс, кој сезонава во регуларниот дел од сезоната имаше учинок од 34 победи и 38 порази, во првото коло од плејофот беше елиминиран од Филаделфија Севентисиксерс.

Ван Ганди ги презеде Њу Орлеанс Пеликанс на почетокот на сезоната. Пеликанс, кој сезоната ја заврши со 31 победа и 41 пораз, не успеа да се пласира во плејофот.

Претходно своите тренери ги отпуштија и Бостон Селтикс, Портланд Трејл Блејзерс, Индијана Пејсерс и Орландо Меџик.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın