Doğa Kırmızıoğlu
19 Мај 2021•Ажурирај: 20 Мај 2021
АНКАРА
Монти Вилијамс, тренерот на Феникс Санс, е прогласен за тренер на годината во регуларниот тек на сезоната 2020/21 во американската Национална кошаркарска лига (НБА), известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави НБА се вели дека во гласањето од страна на тренерите кои претходно ја освоиле оваа титула и од 30 тренери кои ги водат клубовите во НБА, за тренер на годината во регуларниот тек на сезоната 2020/21 е избран Монти Вилијамс, тренерот на Феникс Санс.
Екипата на Феникс Санс која претходно имаше скор од 19 победи и 63 порази, по доаѓањето на Монти Вилијамс во последните две сезони доживеа големи промени.
Екипата на Феникс Санс која минатата година во последниот натпревар ја загуби можноста да се пласира во плејофот, оваа сезона има перформанс од 51 победа и 21 пораз и во регуларниот тек се пласира на второто место во Западната конференција, обезбедувајќи пласман во плејофот.
Сезонава Санс го постигна вториот најдобар перформанс во регуларниот тек од Првенството во историјата на клубот благодарение на 49-годишниот тренер Монти Вилијамс.