Hüseyin Burak Demirer
23 Април 2019•Ажурирај: 28 Април 2019
АНКАРА
Во Американската кошаркарска лига (НБА), тимот на Милвоки Бакс јасовлада екипата на Детроит Пистонс со резултат од 127:104. Со оваа победа, Бакс стигна до 4:0 во меѓусебните дуели и го елиминираше тимот на Детроит Пистонс во четврфиналето на плејофот, обезбедувајќи пласман во полуфинале на Источната конференција, јавува Anadolu Agency (AA).
Плејоф натпреварувњето во НБА синоќа продолжи со два натпревари. Милвоки Бакс, во четвртата средба од плејоф натпреварувањето во Источната конференција на гостински терен ја победи екипата на Детроит Пистонс со резултат од 127:104 и ја заврши серијата со 4:0 во победи.
За првпат од 2001 година, Бакс успеа да го помине четвртфиналето на плејоф натпреаврувањето и во полуфиналето на Источната конференција ќе се игра против Бостон Селтикс, кој претходно исто така со 4:0 успеа да го совлада тимот на Индијана Пејсерс.
Во Детроит, ол-стар играчот, Јанис Адетокунбо, постигна 41 поен, најмногу во неговата кариера во плејофот-натпреварите. Крис Мидлтон постигна 18, Ерик Бледсо 16 поени и 5 асистенции, додека турскиот интернационалец, Ерсан Илјасова, натпреварот го заврши со 4 поени, 9 скока и 3 асистенции.
Во тимот на Пистонс, најпрецизен беше Реџи Џексон со постигнати 26 поени и 7 асистенции. Следат Блејк Грифин 22 поени, 6 асистенции и 5 скока, додека Андре Драмонд мечот го заврши со дабл-дабл учинок од 15 поени и 12 скока.
- Прва победа на Јута Џез
Јута Џез, во првиот круг на плејоф-натпреварите од Западната конференција стигна до својата првата победа против Хјустон Рокетс, намалувајќи го меѓусебниот на 3:1 во корист на Хјустон. Јута Џез, во четвртиот натпревар ја совлада екипата на Хјустон Рокетс, со резултат од 107:91.
Кај џезерите најпрецизен беше Донован Мичел со постигнати 31 поен, од кои 19 во последната четвртина. Џеј Краудер постигна 23 поени, а Рики Рубио натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок од 18 поени и 11 асистенции.
Во Рокетс, Џејмс Харден постигна 30 поени, 4 асистенции, 3 скока, додека Крис Пол постигна 23 поени, 8 скока, 7 асистенции и 5 украдени топки.
Петтиот натпревар од серијата ќе се одигра во Хјустон.