Oktaj Omeragik
23 Април 2019•Ажурирај: 24 Април 2019
СКОПЈЕ (АА) - На 23 и 24 април се играат третите средби од четвртфиналето на плејофот на ТХЈ Евролигата во кошарка, јавува Anadolu Agency (AA).
По одиграните две средби од плејофот во ТХЈ Евролигата во кошарка, само екипата на Реал Мадрид постигна две победи против грчкиот претставник Панатинаикос. Во преостанатите три дуели се води изедначена борба за пласман во фајнлфор на ТХЈ Евролигата.
Жалгирис - Фенербахче Беко (1:1); Панатинаикос - Реал Мадрид (0:2); Басконија - ЦСКА Москва (1:1) и Барселона Ласа - Анадолу Ефес (1:1) е скорот од досега одиграните средби.
Денес се среќаваат Жалгирис - Фенербахче Беко и Панатинаикос - Реал Мадрид. Натпреварот во Каунас започнува во 19:00 часот според ЦЕТ (централноевропско време), додека дуелот во Атина започнува во 20:00 часот.
На 24 април на програмата се средбите Басконија - ЦСКА Москва и Барселона Ласа - Анадолу Ефес. Средбата во шпанскиот град Виторија е закажан за 20:30 часот, додека натпреварот во Барселона ќе започне во 21:00 часот.
Во овој дел од четвртфиналето на плејофот, се игра до три победи. Победниците обезбедуваат пласман во фајнлфор на ТХЈ Евролигата во кошарка.