Ekipa
01 Јули 2019•Ажурирај: 02 Јули 2019
АНКАРА (АА) – Во „Спор Тото Супер“ фудбалската лига на Турција во сезоната 2018/2019 година, од навивачите што влегле на стадионите собрани се метални пари во вредност од 100.000 лири (околу 18 илјади долари), кои се донирани во турската Црвена полумесечина. На навивачите не им се дозволува како донацијада влезат на стадион со метални пари за да се спречи фрлањето во текот на натпреварот, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од Генералниот директорат за безбеднос соопштени за АА, во сезоната 2018/2019 во турската фудбалска „Спор Тото Супер лига“ одиграни се вкупно 306 натпревари. Овие натпревари ги следеле вкупно 4 милиони 220 илјади 170 навивачи.
Пред почетокот на натпреварите, во текот на натпреварите и по натпреварите имплементирани се ефективни мерки за обезбедување на сигурноста на членовите на екипите и на навивачите.
Во рамките на преземените безбедносни мерки, согласно Законот број 6222 за „Превенција на насилство и неправилности во спортот“, полицијата и специјалното обезбедување ги претресуваа навивачите за да проверат дали со себе носат опасни предмети.
- Металните пари во кутијата на Црвената полумесечина -
На навивачите не им беше дозволено да влезат на стадионите со метални пари за да се спречи нивното фрлање.
Тие ги ставаа металните пари, на доброволна основа, според одлуката на регионалните одбори за безбедност во спортот, како донација во кутиите наменети за турската Црвена полумесечина.
Во тој контекст, во сезоната 2018/2019 на турската фудбалска „Спор Тото Супер лига“ собрани се околу 100 илјади турски лири (околу 18 илјади долари).
Собраните пари беа предадени на турската Црвена полумесечина во присуство на претставници на стадионите.