Mutlu Demirtaştan
17 Јуни 2018•Ажурирај: 18 Јуни 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - На Светското фудбалско првенство ФИФА 2018, што се игра во Русија, вчера се одиграа 4 натпревари од групите Ц и Д, јавува Anadolu Agency (AA).

Во групата Ц се состанаа репрезентациите на Франција и Австралија. Благодарение на технологијата ВАР (Видеопомошник судија), беше установено дека топката ја минала гол-линијата и Франција успеа да ја совлада Австралија со резултат 2 : 1.
Погодоците за Франција ги постигнаа Антоан Гризман со удар од 11 метри, и Пол Погба. Единствениот погодок за репрезентацијата на Австралија го постигна Мајл Једињак од пенал.
Во преостанатиот натпревар од групата Ц, Данска играше против Перу, која се врати во завршницата на светските првенства по 36 години. Данска успеа да извојува победа од 1 : 0 со погодокот на Јусуф Јурари Полсен. При крајот на првото полувреме, благодарение на технологијата ВАР, беше досуден пенал за репрезентацијата на Перу, но ударот од 11 метри не беше реализиран.
Хрватска извојува победа, Агрентина - Исланд играа нерешено
Вчера се одиграа и 2 натпревари од групата Д. Во првиот натпревар од групата Д, Аргентина одигра нерешено 1 : 1 против Исланд.
Во првото полувреме, Серхио Агуеро постигна погодок за водство на Аргентина од 1 : 0, но само 4 минути подоцна, Алфред Финбогасон го изедначи резултатот на 1 : 1.
Во вториот натпревар од групата се сретнаа Хрватска и Нигерија. Хрватска извојува победа од 2 : 0 со автоголот на Охенехаро Етебо и погодокот од 11 метри што го реализираше Лука Модрич.
Денеска на програмата
Денеска на програмата, во рамките на СП Русија 2018, ќе се одиграат 2 натпревари од групата Е и 1 натпревар од групата Ф.
Група Е
14:00 Костарика - Србија (Стадион „Космос“ - Самара)
20:00 Бразил - Швајцарија (Стадион „Ростов“ - Ростов на Дон)
Група Ф
17:00 Германија - Мексико (Стадион „Лужинки“ - Москва)
