Bakir Tiro
01 Јули 2019•Ажурирај: 02 Јули 2019
ЛИСАБОН (АА) - Славниот шпански голман, Икер Касиљас (38), го одработи првиот тренинг со соиграчите од Порто, само два месеца откако преживеа срцев удар, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Враќање на работа, прв ден“, напиша Касиљас на социјалните мрежи.
Касиљас доживеа срцев удар на 1 мај на тренингот на Порто. Многумина тврдеа дека ја завршува кариерата.
Во меѓувреме, челниците на португалскиот клуб му нудеа функција во клубот. Сепак, Касиљас одлучи да не ги закачи копачките како украс.
Пред доаѓањето во Порто, бранејќи со години за Реал Мадрид, освои три титули победник на УЕФА Лигата на шампиони. Петпати беше првак на Шпанија.
Касиљас со репрезентацијата на Шпанија е двократен европски првак. Со „црвената фурија“ беше и првак на светот на шампионатот одигран во 2010 година во Јужноафриканската Република.