Dejan Maksimoviç
11 Ноември 2017•Ажурирај: 12 Ноември 2017
МАДРИД (AA) – Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објави дека Герет Бејл повторно се повреди и дека од теренот би можел да отсуствува месец дена, јавува Anadolu Agency (AA).
Бејл кој не играше од 26. септември поради повреда на мускуп во стопалото неодамна почна да тренир, но во петок пропушти тренинг. Од Реал наведуваат дека Бејл почувствувал болка во нога.
„Нашиот фудбалер Герет Бејл на крајот на тренингот во четврток почувствува непријатна болка во левата нога. Во петок отиде на медицински прегледи во центарот на Сантиас и утврдено е дека ја истегнал задната ложа", соопштија од Реал.
Зинедин Зидан, тренер на Реал Мадрид беше многу среќен што постоеше можност триото Бејл, Бензема и Роналдо по подолго време да заиграат заедно. Од Реал не прецизираа колку ќе паузира Бејл, но се претпоставува дека ќе му треба најмалку месец дена да биде потполно подготвен.
Реал Мадрид во шпанската „Ла Лига" го зазема третото место со 23 бода, дури осум помалку од лидерот и од најголемиот ривал Барселона. Во Лигата на шампионите кралскиот клуб е блиску пласман во осмина финале, но во четвртото коло од групата „Х" претрпе тежок пораз од Тотенхем со резултат 0:3.