Dejan Maksimoviç
10 Ноември 2017•Ажурирај: 11 Ноември 2017
ДОХА (AA) – Хавиер Хернандез попознат како Чави најави дека на крајот од сезоната ќе се прости од активно играње фудбал и ќе се посвети на тренерска работа, јавува Anadolu Agency (AA).
Некогашниот клучен играч на Барселона, светски и двократен европски шампион со Шпанија од 2015. година настапува за катарскиот клуб Ал-Садд. Но, одлучи во 37 година да стави крај на активно играње професионален фудбал.
„Имав среќа да не бидам повреден и мислам дека дојде крај на мојата кариера. Доаѓа до пад, а Катар ми овозможи да ја продолжам кариерата. Сега чувствувам дека сум се повеќе уморен, потешко се опоравувам од напор, со оглед на тоа, ова сигурно ќе биде мојата последна сезона да играм гудбал. Имам план следната година да добијам лиценца и да станам тренер", рече за шпанските медиуми Чави.
Својата фудбалска кариера Чави ја почна во младинската школа на Барселона. За првиот тим на Барса дебитираше во октомври 1998. година и од тогаш одигра дури 767 натпревари и постигна 85 голови. Со овој клуб, тој освои осум шампионски титули во Првата лига на Шпанија, три Купа на кралот и шест Суперкупа. На европската сцена Чави има четири трофеи од Лигата на шампионите и два Суперкупа на Европа. На тоа треба да се додадат и две титули на клупскиот шампион на светот.
Во дресот на репрезентацијата на Шпанија одигра 133 натпревари со 13 погодоци. Од дресот со државен грб се прости во август 2014. година по неуспехот на Светското првенство во Бразил.