Berad Büyük
01 Јули 2019•Ажурирај: 01 Јули 2019
ЛОНДОН (АА) - Управата на англискиот премиерлигаш Челзи ја раскина соработката со петмина фудбалери кои како слободни играчи ќе бараат нови клубови за продолжување на кариерата, пренесува Anadolu Agency (AA).
„По истекувањето на договорот со Гонсало Игуаин, Гери Кејхил, Роб Грин, Едуардо и Кајл Скот го напуштија Челзи“, се наведува во соопштението на лондонските „сини“.
Челниците на тимот од „Стамфорд Бриџ“ не понудија нови договори за Кејхил, Скот и Едуардо, а Грин претходно најави дека ова лето ќе ја заврши кариерата како играч.
Аргентинскиот ас Игуаин во Челзи дојде минатата година како позајмен играч од Јувентус, но лондонскиот клуб не сакаше да го искористи правото на откуп на неговиот договор за 36 милиони евра, ниту да му понуди продолжување на периодот како позајмен играч за 18 милиони евра.