Serhat Bağbars
03 Април 2018•Ажурирај: 04 Април 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Поранешниот голман на Реал Мадрид, а моментално чувар на мрежата на Порто, синоќа настапи на јубилејниот 1000-ти меч во кариерата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на португалската лига, Порто синоќа беше поразен со резултат 2:0 од Белененсе, а Касиљас поразот го поднесе полесно бидејќи го оствари илјадиот настап во својата богата кариера.
Порто на Твитер потврди дека тоа бил 1000. официјален настап за Касиљас, кој кариерата ја започна на 12 септември во 1999 година, кога првпат застана на голот на Реал Мадрид.
Триесет и шест годишниот Касиљас, со Реал и Порто освои голем број титули, а и со репрезентацијата на Шпанија беше светски првак и двапати првак на Европа.