Ekip
01 Октомври 2019•Ажурирај: 02 Октомври 2019
МАДРИД (AA) - Шпанскиот клуб Реал Мадрид како домаќин во 2. коло во групата А од Лигата на шампионите вечерва одигра нерешено со белгискиот Клуб Бриж со резултат 2:2 на стадионот „Сантиаго Бернабе", јавува Anadolu Agency (AA).
Гостинскиот тим поведе на самиот почеток на натпреварот, во 9 минута, со голот на Емануел Денис. Предноста ја зголемија 30 минути подоца, а повторно стрелец на голот беше Денис.
Реал Мадрид намали на 1:2 во второто полувреме, во 55.минута со голот на Серхио Рамос, а во 86 минута успеаја да го израмнат резултатот со голот на Касемиро, што беше и конечен резултат на мечот.
Бриж од 84. минута играше со играч помалку откако Руд Вормер доби втор жолт картон, односно црвен картон.
Во вториот натпревар, италианската Аталанта во групата „Ц" на домашен терен е поразена од Шахтјор Доњецк со резултат 1:2.
Аталанта поведе во 28. минута со колот на Дуван Запета, но Шахтјор успеа да израмни во 41. минута со голот на Жуниор Мораес.
Украинската екипа во петтата минута од судиското надополнување со голот на Манор Сололомон дојде до нов гол и голема победа на гостинскиот терен.