Италија најуспешна земја на EМOФ 2025 досега со 28 медали, од кои 12 златни
- Четвртиот ден од натпреварите во различни дисциплини во рамките на натпреварите на ЕМОФ 2025, Италија води со 12 златни, 9 сребрени и 7 бронзени медали

СКОПЈЕ (АА) - Четвртиот ден од 18. летен Европски Младински Олимписки Фестивал (ЕМОФ 2025), кој се одржува во Северна Македонија, Италија е најтрофејна земја со освоени 28 медали, известува Анадолу.
По денешните натпревари во различни дисциплини во рамките на ЕМОФ 2025, Италија води со 12 златни, 9 сребрени и 7 бронзени медали, вкупно 28 медали.
По Италија следи Франција со 7 златни, 6 сребрени и еден бронзен, вкупно 14. Трета е Велика Британија со 7 златни, 5 сребрени, 4 бронзени, вкупно 16 медали.
Турција е шеста со освоени 5 златни медали, 5 сребрени и 4 бронзени, вкупно 14.
Од земјите од регионот, Србија е најдобра на 12 место со освоени 3 златни, 2 сребрени и 3 бронзени, вкупно 8 медали.
Табела на освојувачи на медали по четвртиот ден од натпреварувањата на ЕМОФ 2025:
Држава | златен | сребрен | бронзен | вкупно |
Италија | 12 | 9 | 7 | 28 | |
Франција | 7 | 6 | 1 | 14 | |
Велика Британија | 7 | 5 | 4 | 16 | |
Унгарија | 7 | 3 | 7 | 17 | |
Шпанија | 5 | 8 | 9 | 22 | |
Турција | 5 | 5 | 4 | 14 | |
Полска | 4 | 4 | 4 | 12 | |
Германија | 4 | 1 | 9 | 14 | |
НОК Белорусија | 3 | 3 | 4 | 10 | |
Украина | 3 | 3 | 2 | 8 | |
Белгија | 3 | 2 | 3 | 8 | |
Србија | 3 | 2 | 3 | 8 | |
Азербејџан | 3 | 2 | 2 | 7 | |
Швајцарија | 2 | 5 | 3 | 10 | |
Чешка | 2 | 2 | 5 | 9 | |
Грција | 2 | 1 | 5 | 8 | |
Молдавија | 2 | 0 | 2 | 4 | |
Словачка | 1 | 4 | / | 5 | |
Словенија | 1 | 2 | 1 | 4 | |
БиХ | 1 | 2 | / | 3 | |
Австрија | 1 | 1 | 3 | 5 | |
Хрватска | 1 | 1 | 2 | 4 | |
Бугарија | 1 | 1 | 1 | 3 | |
Финска | 1 | 1 | / | 2 | |
Литванија | 1 | / | 1 | 2 | |
Норвешка | 1 | / | / | 1 | |
Естонија | 1 | / | / | 1 | |
Шведска | / | 3 | 1 | 4 | |
Израел | / | 2 | 3 | 5 | |
Холандија | / | 2 | / | 2 | |
Романија | / | 1 | 4 | 5 | |
Грузија | / | 1 | 3 | 4 | |
Данска | / | 1 | 2 | 3 | |
Латвија | / | 1 | 1 | 2 | |
Португалија | / | / | 3 | 3 | |
Ирска | / | / | 2 | 2 | |
Ерменија | / | / | 1 | 1 | |
Г.А.Ј.Кипар | / | / | 1 | 1 | |
Косово | / | / | 1 | 1 |
На ЕМОФ 2025 учествуваат над 4.000 млади спортисти на возраст од 14 до 18 години. од 48-те европски земји, тимот на бегалци под покровителство на Европскиот олимписки комитет (ЕОК) и тимот на Националниот олимписки комитет (НОК) на Белорусија.
Главно место на одигрување на поголемиот број спортски настани, кои вклучуваат 15 спортови, е Скопјe. Натпреварите во некои дисциплини се одржуваат во Куманово, додека во Осиек, Хрватска, се одржуваат спортските натпревари во уметничка гимнастика.
ЕМОФ 2025 ќе трае до 26 јули.