спорт

Продолжува ЕМОФ 2025: Италија се искачи на прво место со освоени медали

- На третиот ден од натпреварите во различни дисциплини во рамките на ЕМОФ 2025, Италија досега освои 14 медали, од кои шест златни, четири сребрени и четири бронзени

Dzihat Aliju  | 23.07.2025 - Обновена : 23.07.2025
Продолжува ЕМОФ 2025: Италија се искачи на прво место со освоени медали skopje2025.sporteurope.org

СКОПЈЕ (АА) - Осумнаесеттото издание на Летниот европски младински олимписки фестивал (ЕМОФ 2025) продолжува во Северна Македонија. Во досегашните натпревари селекциите на Италија освоија 14 медали, јавува Анадолу.

На третиот ден од натпреварите во различни дисциплини во рамките на ЕМОФ 2025, Италија досега освои 14 медали, од кои шест златни, четири сребрени и четири бронзени.

По Италија е Шпанија со 10 медали, поточно два златни, пет сребрени и три бронзени.

Третото место го делат Унгарија, Велика Британија и Швајцарија, секоја со 8 медали.

Турција досега има освоено три медали, два златни и еден сребрен.

Од земјите во регионот, Словенија има освоено четири медали, еден златен, два сребрени и еден бронзен. Србија и Грција имаат по три медали. Србија има освоено еден златен и два сребрени, а Грција има освоено еден сребрен и два бронзени медали.

Босна и Херцеговина има две медали, еден златен и еден сребрен, Хрватска еден сребрен и еден бронзен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın