Emel Öz Gözellik
31 Мај 2018•Ажурирај: 01 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Јапонија до 2025 година ќе вработи најмалку 500.000 странски работници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција „Кјодо“ наведува дека поради недостаток на работна сила особено во секторот за земјоделство и градежништво во земјата, Владата на Јапонија донела одлука до 2025 година да вработи најмалку 500.000 странски работници.
Оваа одлука се очекува да биде вклучена во новата нацрт економска политика на премиерот Шинзо Абе, а на есен ќе се поднесе до Парламентот.
Според одлуката, работниците што ќе работат во секторите како земјоделство, градежништво, здравство и бродоградба, ќе можат да престојуваат до 5 години во земјата, но не ќе можат со себе да ги носат членовите на нивните семејства.
Бројот на странски работници во Јапонија во 2008 година изнесуваше 480.000, а оваа бројка во 2017 година се искачи на 1,2 милиони лица.