Barış Seçkin
13 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
РИМ (АА) - Претседателот на Италијанската фудбалска федерација (FIGC), Габриел Гравина, за телевизијата „Скај“ зборуваше за сезоната на фудбалската лига, која не се игра од 9 март, поради појавата на новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Морам да го повторам она што го кажав пред тоа, можеме повторно да започнеме ако постои сигурност за здравјето на спортистите“, рече претседателот Гравина.
Истакнувајќи дека се надева на тоа дека на почетокот на месец мај фудбалерите ќе бидат тестирани за коронавирусот, Гравина рече дека се надева по тестирањата да почнат и подготовките за сезоната да продолжи оттаму каде што беше прекината.
Гравина, наведувајќи дека следните чекори ќе ги оценуваат наредните денови, заедно со техничките и научните комитети, нагласи дека ќе ги следат и препораките од ФИФА.
„Нашата надеж е да започнеме што поскоро. Немаме датум за крајот на сезоната, но мораме да ја завршиме. Ако не успееме да ја завршиме, ќе има негативни последици“, нагласи претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Гравина.
Поради епидемијата од Ковид-19 во земјата починаа 19.899 лица, а бројот на заразени од вирусот се искачи на 156.363.
Во Италија, Владата ја продолжи забраната за движење и колективните активности до 3 мај.