Hüseyin Burak Demirer
11 Февруари 2019•Ажурирај: 12 Февруари 2019
АНКАРА (АА) – Во Американската кошаркарска лига (НБА) екипата на Филаделфија 76’ерс ја порази екипата на Лос Анџелес Лејкерс со резултат 143:120, пишува Anadolu Agency (AA).
Натпреварувањето во НБА продолжи со 5 натпревари. Еден од фаворитите на Источната конференција, екипата на Филаделфија 76’ерс, ја совлада екипата на Лос Анџелес Лејкерс со резултат од 143:120. Во екипата на Филаделфија 76’ерс најмногу се истакна Џоел Ембијад кој постигна 37 поени и 14 скока.
За домаќинот Филаделфија 76’ерс Тобијас Харис имаше 22 поени, 6 скокови, 6 асистенции, а Џ.Џ. Редик постигнувајќи 21 поен и 5 асистенции одигра значајна улога во победата. Репрезентативецот на Турција, Фуркан Коркмаз, придонесе со 7 поени и 6 скока.
Во екипата на Лејкерс, Кајл Кузма постигна 39 поени и беше најдобар стрелец на теренот. Леброн Џејмс постигна 18 поени и 10 скока, а Џавал Мекги го заврши натпреварот со 21 поен и 13 асистенции.
Останати резултати:
Далас Маверикс - Портланд Трејл Блејзерс: 102 : 101
Филаделфија 76’ерс - Лос Анџелес Лејкерс: 143 : 120
Сакраменто Кингс - Феникс Санс: 117 : 104
Атланта Хокс - Орландо Маџик: 108 : 124
Голден Стејт Вориорс - Мајами Хит: 120 : 118