спорт, Балкан

Во Сараево свечено отворен Европскиот младински олимписки фестивал

Се очекува на олимпискиот фестивал да настапат околу 1.500 спортисти од 46 европски земји. Вкупниот број на учесници, заедно со спортистите, тренерите и останатите членови на мисиите, ќе изнесува над 2.000 луѓе.

Vesna Besiç  | 11.02.2019 - Обновена : 11.02.2019
Во Сараево свечено отворен Европскиот младински олимписки фестивал

Saraevo

САРАЕВО (АА) - Вечерва во Сараево свечено беше отворен Европскиот младински олимписки фестивал - EYOF 2019, најголемиот спортски настан во Босна и Херцеговина од 14. Зимски олимписки игри во 1984 година во Сараево, јавува Anadolu Agency (AA).

Фестивалот официјално беше отворен од страна на претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, претседателот на Европскиот олимписки комитет Јанез Кочијанчиќ и од градоначалниците на Сараево и Источно Сараево, Абдула Скако и Ненад Вуковиќ. 

Се очекува на олимпискиот фестивал да настапат околу 1.500 спортисти од 46 европски земји. Вкупниот број на учесници, заедно со спортистите, тренерите и останатите членови на мисиите, ќе изнесува над 2.000 луѓе. 

За првиот ден на распоредот се тренинзи во брзо лизгање, хокеј на мраз, сноуборд, ски-трчање, биатлон и алпско скијање. Младите спортисти од скоро цела Европа ја почнуваат борбата за медали. 

Во протоколарниот дел од церемонијата, која се одржа вечерва, претставени се 46 земји учеснички. Како и секогаш, Грција го започна свеченото дефиле на репрезентациите, а го заклучи домаќинот Босна и Херцеговина. 

На ЕИОФ 2019 младите спортисти од 14 до 18 години од 46 земји ќе се натпреваруваат во осум спортови: алпско скијање, сноуборд, ски-трчање, биатлон, хокеј на мраз, уметничко лизгање, брзо лизгање и карлинг. 

Првото издание на ЕИОФ, и тоа летно, се одржа во 1991 година во Брисел, а зимското две години подоцна во италијанската Аоста. 

По Сараево и Источно Сараево, домаќин на Европскиот младински олимписки фестивал - EYOF следната зима ќе биде Финска, а летниот олимписки фестивал оваа година ќе се одржи од 20-28 јули во главниот град на Азербејџан, Баку.

Македонија на ЕИОФ ќе ја претставуваат Никола Петковски и Анамарија Зафировска во дисциплината крос-кантри скијање.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.