спорт

Осминафиналните натпревари во Лигата на шампионите на УЕФА започнуваат утре

Утре (вторник) и во среда (13 февруари) ќе се одиграат вкупно 4 осминафинални натпревари од најпрестижното клупско фудбалско натпреварување во Европа, Лигата на шампионите

Hüseyin Burak Demirer  | 11.02.2019 - Обновена : 11.02.2019
Осминафиналните натпревари во Лигата на шампионите на УЕФА започнуваат утре

Ankara

АНКАРА (АА) – Утре започнуваат осминафиналните натпревари во Лигата на шампионите на УЕФА, пишува Anadolu Agency (AA).

Утре (вторник) и во среда (13 февруари) ќе се одиграат вкупно 4 осминафинални натпревари од најпрестижното клупско фудбалско натпреварување во Европа, Лигата на шампионите. Осминафиналните натпревари ќе завршат со останатите 4 натпревари што ќе се одиграат на 19 и 20 февруари.

Екипите што ќе се пласираат во четвртфиналето ќе бидат познати по натпреварите што ќе се одиграат на 5-6 март и 12-13 март.

Сите натпревари по локално време ќе започнат во 21 часот. Програмата е следна:

Утре:

Рома (Италија) - Порто (Португалија)

Манчестер Јунајтед (Англија) - Париз Сен Жермен (Франција)

13 февруари:

Тотенхем (Англија) - Борусија Дортмунд (Германија)

Ајакс (Холандија) - Реал Мадрид (Шпанија)

19 февруари:

Олимпик Лион (Франција) - Барселона (Шпанија)

Ливерпул (Обединето Кралство) - Баерн Минхен (Германија)

20 февруари:

Атлетико Мадрид (Шпанија) - Јувентус (Италија)

Шалке 04 (Германија) - Манчестер Сити (Англија)

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın