ИСТАНБУЛ
Sвездата на американската кошаркарска Национална кошаркарска лига (НБА), кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, благодарение на погодоците постигнати на последниот натпревар против Филаделфија стана трет играч во НБА според бројот на постигнати поени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 5 натпревари во НБА. Лос Анџелес Лејкерс, лидерот на Западната конференција, како гостин загуби од екипата на Филаделфија Севентисиксерс со 108 : 91.
На овој натпревар Леброн прикажа перформанс од 29 поени, 8 асистенции и 7 скока, а благодарение на постигнатите поени стана трет кошаркар во историјата на НБА според постигнатите поени. Постигнувајќи 33.655 поени во својата кошаркарска кариера, Леброн зад себе го остави Коби Брајант. На првото место се наоѓа Карим Абдул-Џабар со 38.387 поени, а на втората позиција е Карл Мелоун со 36.928 поени.
Ентони Дејвис од екипата на Лејкерс беше најпрецизниот играч на овој натпревар со постигнати 31 поен, 7 скока и 2 асистенции.
Кај победничката екипа најпрецизни беа Тобијаз Харис со 29 поени и 8 скока и Бен Симонс со дабл-дабл од 28 поени, 10 скока и 8 асистенции. Турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз постигна 9 поени и 1 асистенција.
- Џеди Осман пред натпреварот против Чикаго започна кампања за погодените од земјотресот во Елазиг
Екипата на Кливленд Кавалирс во која настапува турскиот кошаркарски интернационалец, охриѓанецот Џеди Осман, на домашен терен ја пречека екипата на Чикаго Булс. Пред натпреварот Џеди Осман на социјалните мрежи започна кампања за помош на лицата погодени од земјотресот што го потресе подрачјето на турскиот град Елазиг.
Кошаркарот Осман во својата објава напиша дека за секоја постигната „тројка“ на натпреварот ќе донира 100 долари за погодените од земјотресот во Турција.
На оваа негова кампања се приклучија неговиот клупски колега Лери Ненси, турскиот фудбалер Арда Туран, фудбалерот на германскиот прволигаш Вердер Бремен, Нури Шахин, кошаркарката во женскиот кошаркарски клуб Галатасарај, Ишил Албен, турскиот фудбалски интернационалец во францускиот клуб Лил, Јусуф Јазиџи. П
оранешниот претседател на фудбалскиот клуб Транбзонспор, Невзат Ајдин, напишал дека за секоја постигната тројка ќе донира 10.000 лири (околу 170 долари), а како донатор се јавил кошаркарскиот клуб Адана.
Победник на натпреварот беше екипата на Чикаго Булс, која го совлада Кливленд Кавалирс со 106 : 118. На оваа средба беа постигнати 25 тројки.
Џеди Осман по натпреварот информираше дека тој и неговиот колега Ненси за секоја постигната тројка ја зголемиле сумата на 200 долари и заедно донирале вкупно 10.000 долари. Арда Туран, Нури Шахин, Ишил Албен и Јусуф Јазиџи донирале по 2.500 долари, што вкупно изнесува 10.000 долари. Невзат Ајдин донирал 250.000 лири (околу 42.000 долари) и кошаркарскиот клуб Адана 2.500 долари.
Охриѓанецот на социјалните мрежи соопшти дека се собрани 385.000 лири, што претставува приближно 65.000 долари. Во исто време му се заблагодари на неговиот клупски колега Лери Ненси и на сите останати спортисти и спортски работници кои учествуваа во кампањата за помош на настраданите од земјотресот во Елазиг.
Во Чикаго Булс најдобар перформанс со дабл-дабл учинок прикажа Зек Лавин со 44 поени, 10 скока и 8 асистенции, а свој придонес во победата дадоа Томас Саторански со 19 поени, 6 скока и 6 асистенции и Тадијус Јанг со 11 поени, 3 скока и 2 асистенции.
Во редовите на Кавалирс најпрецизен беше Кевин Лав со дабл-дабл од 20 поени, 11? 111 скока и 2 асистенции, Џеди Осман со 18 поени, 6 асистенции и 1 скок, Колин Секстон со 18 поени, 3 асистенции и 2 скока и Лери Ненси со дабл-дабл од 15 поени, 11 скока и 4 асистенции.
- Резултати од синоќа одиграните натпревари:
Јута Џез - Далас Маверикс 112 : 107
Детроит Пистонс - Бруклин Нетс 111 : 121
Минесота Тимберволвс - Оклахома Сити Тандер 104 : 113
Кливленд Кавалирс - Чикаго Булс 106 : 118
Филаделфија Севентисиксерс - Лос Анџелес Лејкерс 108 : 91
news_share_descriptionsubscription_contact
