Bedrudın Brljavac
26 Јануари 2020•Ажурирај: 28 Јануари 2020
МАНЧЕСТЕР - Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, изјави дека веќе сега е сигурно дека Ливерпул оваа сезона ќе биде првак во Премиер лигата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Се разбира, Ливерпул ќе биде првак во Премиер лигата, а би биле прогласени за прваци и во Шпанија, Италија и Германија. За првак би ја прогласил екипата која по 23 одиграни натпревари има 22 победи и 1 нерешен натпревар“, изјави Гвардиола.
Тој истакна дека неговиот тим не би заостанувал многу зад лидерот на табелата доколку, на пример, би се натпреварувал во Шпанија или Италија.
„Со бодовите што досега ги освоивме, во Шпанија би заостанувале само еден бод зад лидерот, исто како и во Германија и Италија“, додаде Гвардиола.
На крајот ја пофали играта на Ливерпул, додавајќи дека сите тимови би можеле да учат од „црвените“.
„Ливерпул е едноставно фантастичен, феноменален. Мораме да прифатиме и да учиме од тоа“, рече менаџерот на Манчестер сити.
Ливерпул во моментов се наоѓа на врвот во Премиер лигата со 67 бодови. Второпласиран е Манчестер сити со 51 бод, а следуваат Лестер со 48 и Челзи со 40 бодови.