спорт

Австралија опен: Ѓоковиќ и Федерер се пласираа во четвртфиналето

Во осминафиналето на Австралија опен, Ѓоковиќ со 3 : 0 го совлада Аргентинецот Диего Шварцман, додека Федерер со 3 : 1 го совлада Унгарецот Мартон Фучович.

Yunus Kaymaz  | 26.01.2020 - Обновена : 27.01.2020
Австралија опен: Ѓоковиќ и Федерер се пласираа во четвртфиналето

ИСТАНБУЛ

Во првиот овогодишен грен слем тениски турнир Австралија опен, светскиот тенисер број 2, Новак Ѓоковиќ, избори пласман во четвртфиналето, јавува Агенција Анадолија (АА).

Утрово во австралискиот град Мелбурн продолжија средбите од 7-миот ден на тенискиот турнир.

Српскиот тенисер Ѓоковиќ (32), кој во досегашната тениска кариера 7 пати победи на Австралија опен, утрово со 3 : 0 во сетови (6 : 3, 6 : 4, 6 : 4) го совлада Аргентинецот Диего Шварцман.

Противник на Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе му биде Канаѓанецот Милош Раониќ, кој во осминафиналето со 3 : 0 (6 : 4, 6 : 3 и 7 : 5) го совлада Хрватот Марин Чилиќ.

Американецот Тенис Сандгрен во осминафиналето играше против Италијанецот Фабио Фоњини. Сандгрен беше поуспешен и со 3 : 1 во сетови (7 : 6, 7 : 5, 6 : 7 и 6 : 4) избори пласман во четвртфиналето, каде што ќе се сретне со Роџер Федерер кој со 3 : 1 во сетови (4 : 6, 6 : 1, 6 : 2, 6 : 2) го совлада Унгарецот Мартон Фучович.

Во женска конкуренција, седмата носителка на турнирот, Чехинката Петра Квитова, избори пласман во четвртфиналето со победата од 2 : 1 (6 : 7, 6 : 3 и 6 : 2) над Гркинката Марија Сакари.

Петнаесетгодишната американска тенисерка Коко Гоф, која во третото коло ја елиминираше последната шампионка на Австралија опен, Јапонката Наоми Осака, во осминафиналето загуби од својата сонародничка Софија Кенин со 2 : 1 во сетови (6 : 7, 6 : 3 и 6 : 0), простувајќи се од понатамошното натпреварување.

Туниската тенисерка Унс Џабир со 2 : 0 во сетови (7 : 6 и 6 : 1) ја совлада Кинезинката Кјанг Ванг и избори пласман во четвртфиналето на Австралија опен.

Во последниот осминафинален дуел, Австралијката Ешли Барти ја совлада Американката Алисон Риск со 2 : 1 во сетови (6 : 3, 1 : 6, 6 : 4) и се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.