Hüseyin Burak Demirer
26 Март 2019•Ажурирај: 27 Март 2019
АНКАРА (АА) - Тимот на Јута Џез му нанесе висок пораз на Феникс Санс од 125:922, иако Девин Букер од редовите на Санс на овој натпревар постигна 59 поени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 4 натпревари во НБА. Во Западната конференција се состанаа петтопласираната екипа на Јута Џез и последнопласираниот тим на Феникс Санс. Јута Џез извојува убедлива победа од 125:92.
Во редовите на Џез, Руди Гоберт постигна дабл-дабл од 27 поени, 10 скока, а Дерик Фејворс и Рики Рубио постигнаа по 18 поени.
Во редовите на Санс најпрецизен беше Девин Букер, кој постигна 59 поени, но тоа не беше доволно да се избегне тешкиот пораз на гостинскиот терен на Јута. Букер е четврти играч кој на возраст под 23 години успеал да постигне над 50 поени на повеќе од една средба. Претходно тоа им успеа на Рик Бери (седум пати), Леброн Џејмс (трипати) и Кари Ирвинг (двапати).
- Нуркиќ скрши нога -
Синоќа се сретнаа Портланд Треил Блејзерс кој обезбеди пласман во плеј-офот и екипата на Бруклин Нетс кој се бори за пласман. Победникот беше познат по две продолженија. Бејзерси упеаја да победат со 148:144.
Во редовите на домаќинот најефикасни беа Демијан Лилард кој постигна дабл-дабл од 31 поен, 12 асистенции, 6 скока. Јусуф Нуркиќ во регуларниот тек од средбата постигна дабл-дабл од 32 поени, 16 скока, 5 асистенции и 4 блока, но по еден дуел под кошевите во второто продолжение ја скрши левата нога. Босанскиот центар од теренот беше изнесен на носилка.
Д’Анџело Расел беше најпрецизен во Нетс со 39 поени, 9 скока, 8 асистенции, а Спенсер Динвиди постигна 22 поени.
- Резултати -
Орландо Меџик - Филаделфија Севентисиксерс 119:98
Мемфис Гризлис - Оклахома Сити Тандер 115:103
Јута Џез - Феникс Санс 125:92
Портланд Треил Блејзерс - Бруклин Нетс 148:144 (во продолжението)