Doga Kirmizioglu
26 Март 2019•Ажурирај: 27 Март 2019
АНКАРА (АА) - Ирскиот борец во мешани боречки вештини, Конор Мекгрегор, објави дека ќе се пензионира, јавува Anadolu Agency (AA).
Ирскиот спортист одлуката за пензионирање ја објави преку социјалната мрежа Твитер: „Се пензионирам од спортот познат како мешани боречки вештини. На сите мои колеги им посакувам успех во овој спорт“, напиша Мекгрегор.
Мекгрегор (30) е еден од најпопуларните спортисти во мешани боречки вештини, во 2012 година шампион во категоријата пердув и лесни категории одржан во „Кејџ Вариорс“.
Истиот успех го повтори и во организацијата „Ултимејт фајтинг чемпионшип“ („Ultimate Fighting Championship“ UFC), на тој начин стигнувајќи до појасот во две категории. Во 2017 година кариерата ја продолжи во боксот.
Во своето прво искуство во боксот, Мекгрегор загуби од Американецот Флојд Мејведер, кој нема пораз во својата кариера.
Мекгрегор, минатата година, во борбата во лесна категорија беше поразен од Хабиб Нурмагомедов.