Dejan Maksimoviç
23 Март 2019•Ажурирај: 25 Март 2019
ПАРИЗ
Според францускиот спортски весник „Л’Екип“ („L'Equpea“), Антоан Гризман, фудбалерот на Атлетико Мадрид е француски спортист кој најмногу заработи во 2018 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Извонредниот офанзивен фудбалер, минатата година од платата во клубот и спонзорските договори заработи 33 милиони евра. На листата на француски спортисти со најголема заработка во 2018 година следува младата фудбалска ѕвезда, 20-годишниот Килијан Мбапе со 24,7 милиони евра. Талентираниот играч на Пари Сен Жермен (ПСЖ) е првиот француски спортист кој на оваа листа влегол со само 20 години.
И на третата и четвртата позиција на листата на француски спортисти со најголем приход во 2018 година се наоѓаат двајца фудбалери. Станува збор за Пол Погба од Манчестер Јунајтед со 22,1 милион евра и Карим Бензема од Реал Мадрид со 22 милиони евра.
Меѓу првите петмина француски спортисти со најголема заработка во 2018 година се најде и еден кошаркар. Тоа е Никола Батум, кој игра за Шарлот Хорнетс во НБА. Батум минатата година оствари заработка од 20,9 милиони евра.