Dejan Maksimoviç
10 Февруари 2017•Ажурирај: 11 Февруари 2017
МИНХЕН (АА) - Карло Анчелоти, тренер на Баерн Минхен, вели дека тој се обидел да го убеди Филип Лам да ја промени својата одлука, откако во вторникот, неочекувано, по натпреварот од купот со Волфсбург соопшти дека оди во пензија на крајот од сезоната, јавува Anadolu Agency (AA).
„Се обидов да го убедам Лам да ја промени одлуката. Тој ми кажа дека сака да даде 100 проценти од себе, а не 90. Мораме да ja прифатиме неговата одлука и тоа дека ќе биде целосно професионален до крајот на сезоната“, вели Анчелоти за германските медиуми.
Баерн веќе успеа да ги обезбеди останатите двајца искусни крилни играчи Арјен Робен и Франк Рибери за следната сезона. Спорно е дали и Чаби Алонсо ќе ја заврши својата кариера или ќе го продолжи договорот за уште една година.
„Ситуацијата со Алонсо сѐ уште е нејасна. Тоа ќе биде познато во наредните месеци. Се надевам дека ќе остане со нас“, рече Анчелоти, и на шега додаде дека се надева оти следната сезона ќе игра со 11 играчи.