Dejan Maksımovıc
12 Февруари 2020•Ажурирај: 12 Февруари 2020
БАРСЕЛОНА (АА) - Осман Дембеле, офанзивниот крилен играч на Барселона, ќе биде надвор од теренот шест месеци по операцијата на лигаментите на коленото, соопштија од каталонскиот клуб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Францускиот репрезентативец беше во процес на целосно заздравување од повредата на бутот, кога минатата недела повторно се повреди на тренинг. Од доаѓањето во Барселона летото 2007 година, Дембеле имаше низа повреди, кои на подолг период го одвојуваа од теренот.
Така оваа сезона имаше вкупно седум настапи во дресот на Барса. Од доаѓањето во клубот од Камп Ноу поради повреда пропушти дури 63 натпревари во сите натпреварувања.
Се очекува 22-годишниот Дембеле, кој со Франција во 2018 година ја освои титулата светски шампион, да го пропушти ЕВРО 2020.
Дембеле во Барселона дојде од Борусија Дортмунд за дури 105 милиони евра. Освен за двата споменати клуба играше и за Рен. Во дресот на репрезентацијата на Франција одигра 21 натпревар и постигна два гола.