Abdulkadir Karakaya
12 Февруари 2020•Ажурирај: 14 Февруари 2020
БУРСА (АА) - Џанберк Јурдакул, голманот на Бурсаспор, е новото засилување на фудбалскиот клуб „Шкупи“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На официјалната интернет-страница на Бурсаспор се вели дека клубот до 2022 година го продолжил договорот со 18-годишниот Џанберк Јурдакул.
Во продолжение на соопштението се наведува: „Голманот Џанберк Јурдакул до крајот на оваа сезона е изнајмен на фудбалскиот клуб „Шкупи“ од Северна Македонија.“