Dejan Maksimoviç
29 Август 2019•Ажурирај: 01 Септември 2019
БАРСЕЛОНА (АА) - Иако многу навивачи на Барселона очекуваа првата ѕвезда на тимот, Лионел Меси, да се врати на теренот овој викенд, кога во Ла лигата ќе гостува Осасуна, тоа нема да се случи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шпанските медиуми јавуваат дека враќањето на Меси, по повредата, веројатно може да се случи на 14 септември, откако ќе помине паузата во првенството поради натпреварите на репрезентациите. Меси веќе ги пропушти дуелите со Атлетик Билбао и Бетис, а истото се очекува и против Осасуна. Иако започна индивидуално да тренира кондициски тренинзи, нема да биде подготвен до сабота.
Тренерот Ернесто Валверде не сака да брза со враќањето на Меси во тимот, бидејќи заздравувањето на капитенот не одело според планот. Со тоа излегоа и приказните дека повредата била влошена, што од Барселона беше веднаш одлучно демантирано, и истакнаа дека сакаат да бидат внимателни со првата ѕвезда на тимот.
По дуелот со Осасуна, Барса следниот натпревар во Ла лигата ќе го игра на 14 септември против Валенсија на Камп ноу.
По три одиграни кругови во шпанското првенство, Барселона со три бода ја зазема деветтата позиција. На врвот на табелата се Севиља и Атлетико Мадрид со по шест бода.