Emre Aytekin
28 Март 2019•Ажурирај: 28 Март 2019
АНКАРА (АА) - Бројот на лица кои припаѓаат на мрежите на организиран криминал, „Јакуза“ во Јапонија, континуирано се намалува во последните 14 години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на јапонската новинска агенција „Кјодо“, која се базира на Јапонската национална полициска агенција, бројот на членови на мрежите на организиран криминал и на лица поврзани со нив, континуирано се намалува 14 години во континуитет.
Според извештајот, бројот на лица поврзани со мрежите на организиран криминал и лицата поврзани со нив во 2018 година била 30.500, така што оваа бројка е намалена за околу 4 илјади во споредба со претходната година.
Безбедносните извори истакнуваат дека постојаниот пад на членовите во „Јакуза“ е резултат на решителната борба против организираниот криминал.
Одговорните лица нагласуваат дека минатата година за 16.881 член на „Јакуза“ се водела истрага поради вмешаност во криминал. Бројот на истрагите во споредба со минатата година е намален за 856.
Соопштено е дека 4.569 истраги се водени за лица кои го прекршиле Законот за наркотици, 2.042 истраги за напад и ранување на лица, 1.749 за измама, а останатите истраги се отворени за друг вид криминал.