Sinan Doğan
28 Март 2019•Ажурирај: 31 Март 2019
АНКАРА (АА) - Недостигот на вода предизвикан поради расипување на пумпите за вода во Венецуела, која ја преживува најсериозната политичка криза во својата историја, негативно влијае врз животот во главниот град, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени на националните медиуми, по застојот на пумпите за вода поради прекинот на електричната енергија, жителите на главниот град Каракас се упатуваат кон реките во висорамнините на градот.
Иако во многу делови од градот нема мрежа за водоснабдување, жителите до своите домови вода носат од изворите од парковите и градините.
Поради недостигот на вода од почетокот на оваа недела, многу училишта, фабрики и работни места во градот се затворени.
Од друга страна, самопрогласениот претседател на Венецуела, Хуан Гваидо, и претседател на Националното собрание, посочувајќи на прекините на електрична енергија, истакна дека в сабота ќе излезат на улиците и дека тие протести ќе бидат проба за протестите наречени „Операција за слобода”, што ќе започнат на 6 април.