Yusuf Özcan
28 Март 2019•Ажурирај: 28 Март 2019
ПАРИЗ (АА) - Европскиот парламент (ЕП) го усвои Законот со кој од 2021 година се забрануваат пластичните производи за еднократна употреба, како што се пластични чинии, виљушки, ножеви и сламки за пијалаци, кои се причина за загадување на морињата, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералното собрание на ЕП го усвои Законот со кој се забранува употребата на пластичните производи за еднократна употреба кои се причина за загадување на морињата.
Со 560 гласа „за“, 35 „против“ и 28 „воздржани“, ЕП го усвои Законот, според кој, почнувајќи од 2021 година, во земјите од Европската Унија (ЕУ) нема да се употребуваат пластични чинии, виљушки, лажици, ножеви, сламки за пијалаци, чаши, садови за храна, стапчиња за уши.
Според оваа законска регулатива, земјите членки на ЕУ се принудени до 2029 година да соберат 90% од пластичните шишиња, до 2025 да соберат 25% од шишињата за еднократна употреба, а до 2030 да рециклираат 30% од нив.
Во исто време, земјите членки на ЕУ кои произведуваат филтри за цигари, ќе дадат придонес во покривањето на трошоците за чистење и отстранување на отпадоците на нивните производи.