Hasan Esen
28 Март 2019•Ажурирај: 31 Март 2019
ЛОНДОН (АА) - Британскиот јавен радиотелевизиски сервис „Би-би-си“ (BBC) се извини на претседателот на Украина, Петро Порошенко, поради лажната вест и го прифати надоместокот на штета предизвикана од лажната вест, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од „Би-би-си“ се вели дека во вест објавена во мај минатата година било напишано дека наводно биле исплатени 400.000 долари за продолжување на состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Порошенко.
Во соопштението се истакнува дека во веста која подоцна била избришана од интернет-страницата на „Би-би-си“, пишувало дека парите биле дадени на поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен.
„Наводите за состанокот во јуни 2017 година не беа вистинити“, истакнаа од „Би-би-си“.
Веста на „Би-би-си“ била објавена и на еден телевизиски канал во Велика Британија.
„Му се извинуваме на Порошенко поради непријатностите што ги предизвикавме. Се согласивме да ги платиме надоместоците и судските трошоци“, се наведува во соопштението.