ИСТАНБУЛ (АА)
- ЃУЛЧИН КАЗАН ДОГЕР
Британскиот новинар и режисер Хари Феар изјави дека западните медиуми покажале пристрасен став кога известувале за израелско-палестинскиот конфликт и рече: „Овие вести значат дека во западната јавност нема перцепција дека стотици или дури и илјадници Палестинци ќе бидат убиени и дека тоа треба да се запре“, јавува Анадолу.
Новинарот Хари Феар, кој воедно е режисер на документарниот филм „Gaza: Still Alive“ од 2019 година, кој зборува за ефектите врз цивилите на војната што Израел ја започна во блокираниот Појас Газа во 2014 година, за Анадолу го оцени ставот и јазикот што го користат западните медиуми додека пренесуваат за израелско-палестинскиот конфликт.
Изјавувајќи дека работел како новинар во Газа за време на насилните конфликти во 2012 и 2014 година, Феар рече: „Она што го гледаме сега е крвопролевање. Масовно убиство дизајнирано како одмазда врз луѓето од Газа во име на народот на Израел“.
Според него, Газа е претворена во затвор на отворено.
„Се вели дека копнената операција што ја спроведува Израел, може да трае со месеци. Во тој случај, статусот кво во Газа ќе биде редефиниран и тој целосно ќе биде под окупација на израелски војници. Целта на ова е да се елиминира капацитетот за управување на Хамас и да се онeвозможи тие да бидат власт во Појасот Газа“, рече тој.
Феар потсети дека британската телевизија Би-Би-Си додека известувала за конфликтите во регионот, го користела терминот „загина“ за убиените во Газа и терминот „убиени“ за оние во Израел.
„Озлогласените медиуми како Би-Би-Си, и покрај принципот на непристрасност, покажаа извонреден јазик во израелско-палестинскиот конфликт. Ова е јасен пример за „лудило“ во таканареченото непристрасно известување“, додаде тој.
Феар изјави дека мејнстрим медиумските организации на Запад не развиваат емпатија со палестинските цивили.
„Палестинците се категоризирани како „хуманоидни животни“, според зборовите на израелските официјални лица, кои всушност се нелуѓе, и вака главните медиуми ја покриваат приказната. Доминантниот наратив во однос на конфликтот Израел-Газа се базира врз израелската перспектива. Ова едноставно значи дека има премногу глорификација на израелските животи, додека на палестинските животи не им се придава никакво значење“, истакна Феар.
Тој рече дека не може да се исклучи дека неодамнешните судири ги започнале вооружените групи поврзани со Хамас во Газа, и нагласи:
„Врамувањето на конфликтот само со овие неодамнешни настани во западните медиуми го игнорира 16-годишното угнетување и опсадата од страна на Израел. Тековната војна против Газа, целосното негирање на човековите права на Палестинците, граѓанските права, политичките и економските права, достоинството да се биде човек, во голема мера е заснована врз идеологијата на расна супериорност и доминација.“
Нагласувајќи дека идеологијата на доминација е прифатена и од западниот свет, Феар рече: „Фактот дека Хамас го иницираше последното насилство е исто така почетна точка за тоа како приказната се раскажува во западните медиуми. Затоа, сосема е природно медиумите да обликуваат дискурси кои се компатибилни со наративот на Западот и речиси да нема симпатии за перспективите и ставовите на луѓето во Газа.“
Британскиот новинар нагласи дека лажните и манипулативни вести за конфликтот Израел-Газа брзо се шират.
„Ова е тековна војна меѓу Израел и Палестинците, а дел од неа е и информативната војна. Ова е пропагандна војна“, рече тој.
Осврнувајќи се на новинар од израелски телевизиски канал кој во директен пренос објави лажна вест дека „Хамас обезглавил 40 израелски бебиња“, Феар додаде:
„Откако израелскиот новинар го објави ова тврдење, кое не беше ништо повеќе од гласини и озборувања, веста брзо се прошири во западните медиуми на англиски јазик. Всушност, големите лондонски весници ја пренесоа веста на своите насловни страници, иако тоа не беше вистина. Значи, дали е вистина дека Хамас обезглавил 40 деца? Очигледно тоа не е точно бидејќи нема докази. Ниту израелската полиција ниту израелската армија не го потврдија ова.“
Феар како „лицемерие“ го опиша тоа што западните медиуми не им даваат доволно простор на искуствата на палестинските цивили додека на дневен ред носат непроверени информации за израелските цивили.
„Децата со години се масакрираат во Газа. Им беа „отсечени главите“ во израелските воздушни бомбардирања, но ова малку или воопшто не се покрива во западните медиуми“, нагласи тој.
Феар подвлече дека Израел преку медиумите се обидува да го легитимира својот масакр во Газа.
„Оваа вест значи дека стотици или дури илјадници Палестинци ќе бидат убиени и дека нема перцепција кај западната јавност дека тоа треба да се прекине. Меѓутоа, кога Хамас ќе изврши масакр во Израел, кај јавноста се создава чувство на гнев. Имаат чувство дека тоа треба да се прекине. Но, во случајот со Палестина, тоа е еден вид „Божја волја“. Затоа, западното јавно мислење нема став против моќта на Израел и израелскиот државен тероризам“, додаде Феар.
Тој истакна дека граничниот премин Беит Ханун-Ерез на границата помеѓу Газа и Израел бил оштетен како резултат на судири.
„Граничниот премин Рафах на границата на Газа со Египет не може да се користи поради бомбардирањето околу неа. Тоа значи дека Газа е целосно затворена од копно, море и воздух и не им е дозволен влез на странските новинари. Само со неколкумина новинари кои сѐ уште се живи може да се воспостави контакт со Газа. За време на овие последни конфликти, некои од нив, исто така, беа убиени“, нагласи Феар.
Тој рече дека западните земји целосно го поддржуваат таканареченото право на самоодбрана на Израел.
„Видовме дека Израел ја доби целосната поддршка од САД и нивните европски сојузници, па дури и американските поморски сили се префрлија во регионот за да испратат порака до регионалните актери. Сите услови се подготвени за најстрашниот и најнасилен напад врз Газа досега.
news_share_descriptionsubscription_contact
