Bedrudin Brlyavac
26 Декември 2018•Ажурирај: 26 Декември 2018
КИЕВ (АА) - Украинскиот претседател, Петро Порошенко, соопшти дека е завршена воената состојба во земјата, која беше воведена откако Русија заплени три украински воени бродови во Црното Море, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тој порача дека Украина ја зајакнала својата одбрана за време на 30-дневната воена состојба, која денес е официјално укината.
Украина воведе воена состојба минатиот месец, откако руската крајбрежна стража пукаше на три украински бродови и потоа ја зароби посадата и бродовите.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека заплената на бродовите е во согласност со домашното и меѓународното право, додека Порошенко тврди дека таквата постапка е спротивна на сите норми на меѓународното право.
Во руско заробеништо и понатаму се наоѓаат 24 украински морнари.