Bayram Altuğ
24 Март 2022•Ажурирај: 30 Март 2022
ЖЕНЕВА (АА) - Четири лица ги загубија животите, а едно лице е повредено, откако наводно скокнале од седми кат на зграда во швајцарскиот град Монтре, известува Агенција Анадолија (АА).
Полицијата на кантонот Вауд на социјалната мрежа Твитер објави дека четири лица се пронајдени мртви пред една зграда, а петтото лице во тешка состојба е пренесено во болница.
Полицијата не сподели детали дали инцидентот е самоубиство или убиство.
Од друга страна, „Блик“ (Blick), единствениот весник кој е застапен на целата територија на земјата, објави вест базирана на информации добиени од швајцарската полиција, дека пет лица скокнале од балкон.
Во вестите се наведува дека починатите лица скокнале од балконот на седмиот кат од зградата која се наоѓа до казино во Монтре.
Во тек е истрагата за инцидентот во Монтре, традиционалниот град за одмор на брегот на Женевското Езеро, а се очекува полицијата да издаде соопштение во текот на денот.